ЗОШТО BE HEALTHY?


BeHealthy овозможува чистата храна да стане полесно достапна во ова ултра брзо и модерно секојдневие. Здравиот спој од чисти нерафинирани состојки ги прави нашите производи поттикнувачи на вашите природни инстинкти за здрав и природен начин на живот.

Нашите рачно изработени производи мора да ги исполнат нашите високи стандарди за квалитет за да можат да се понудат до нашите пријатели.

Само ОК не е доволно добро за нас, затоа постојано се бориме да бидеме подобри од сопствените стандарди кој самите ги поставивме во овој сегмент.

BeHealthy како и самото негово име е здраво решение за твојот брз и урбан животен стил , спакувано со одличен вкус те повикува да ја започнеш авантурата со нас.


ГРИЖАТА ЗА СЕБЕ НОСИ ЗДРАВЈЕ, ЗДРАВЈЕТО НОСИ СРЕЌА – СРЕЌАТА Е ЕДНОСТАВНО УСПЕХ.


НАШИОТ ПОЧЕТОК

Приказната започнува 2015 год. во домашната кујна на обично петчлено семејсто без инвестициски капитал, без економски консултанти и индустриски прехрамбени технолози.

Согледувајки ја секојдневната реалност исполнета со болестите на модерното живеење како срцевите и канцерогени заболувања, дијабетис и разни психичките нарушувања, се јави потреба од поголема грижа кон себе и нашето семејство.

Загриженоста беше иницијатор за радикална промена во прво во прехрамбените навики преку создавање мобилна храна која е ослободени од сите вештачки додатоци кои немаат природно потекло а истовремено лесно достапна за конзумирање во ова брзо урбано секојдневие.

Со тоа верувавме и веруваме дака со ваков пристап кон храната и природата ќе успееме да ги смениме сопствените навики а со тоа и навиките на заедницата кон подобро.


НАША МИСИЈА

Слободата на живеењето отсекогаш било императив за секоја слободна индивидуа, растеретена од стравови и општествени окови полни со правила , норми и бесмислени закони.

Веруваме во природата и природните инстинкти нашето битие кое е во постојана борба за опстанок со напливот од наметнати индустриски отрови на ментален и на телесен план.

Исто така веруваме дека со нашиот начин на живот ќе помогнеме во оздравувањето на нашето ментално и физичко тело како и на нашата планета како мајка заштитничка на нашето постоење.

Затоа држете се и останете чисти.

ПОДОБРО ЗА ПЛАНЕТАТА – ПОДОБРО ЗА ТЕБЕ.