04.04.2018 09:53:00

Моќта на природата


Повеќето од нас го паметат тоа прекрасно чувство – будење под ѕвездите , мирис на свеж водух и чистата убавина на нашето опкружување.

Без мобилни телефони, технологија на повидок - ние дури и глупавите градски умислени разговори  ги оставивме настрана од нас поголемиот дел од времето. Бевме изгубени во моментот, се чинеше буквално како времето да застаннало. Каква ли е таа моќ на природата која ни дава чувство на смиреност, воодушевување и среќа?

Постојат бројни студии кои ги посочуваат придобивките од времето поминато во природа, за кои се доволни и само 30-тина минути. 

Природата помага за да се чувствуваме смирено, може да направи да бидеме посреќни, исто така придонесува за подобрување на имунитетот. Времето во природа ја поттикнува креативноста на човекот, а воедно и продуктивноста на работното место. Има големо влијание и врз научниот развој на мозокот на децата. Природата исто така има и лековити моќи.

Покрај многуте придобивки кој ги имаме од природата, чудно е тоа што “не можеме” да одвоиме повеќе од нашето време за да бидеме надвор, и да уживаме во убавините на природата. Седиме затворени и се повеќе ни се зголемува нивото на стрес од работа. Опкружени сме секојдневно со луѓе чии поглед е постојано во нивните телефони а здравото расудување и размислување  е затворено во лавиринтите на егото.

Постојат 4 едноставни начини да ја интегрираме природата во нашите животи : 

  1. Состанокот со вашиот тим или бизнис партер одржете го надвор во природа и прошетка
  2. Потрошете барем 15 минути од денот за медитирање во вашето мирно катче
  3. Со вашиот  сакан/а поминете 15-20 минути во пешачење пред вечерата
  4. Заменете ја трката со компјутерот и телефонот со трчање во паркот или пак планинарење 

Овозможете си го тој луксуз да го почувствувате ефектот на зелената боја на природата, мирисот на дрвјата и цвеќињата, убавината на реките и езерата. 

Едноставноста на постоењето е најскапоцен дар од природата , не го игнорирајте.