04.04.2018 09:50:00

Здрави навики кои ќе ви помогнат во губењето на вишокот тежина


1. Бројте овци и овозможете си повеќе сон

Вреднувајте го вашиот сон. 

Денес постојат се повеќе и повеќе докази дека недостатокот од сон доведува до повискок ИТМ- индекс на телесна маса, и важно  е да се добијат 7-9 часа сон. Додека трае процесот на спење , телото е во можност да се подмлади. Доколку не добиете доволно сон тоа влијае на хормоните кои ги регулираат чувствата на глад и на најаденост – нерамнотежата упатува сигнали за чувство на глад до мозокот, а ги одложува сигналите на чувство на најаденост. На тој начин веројатно ќе се откажете од вашиот тренинг и ќе посегнете по големи количин на храна, и секако би направиле лош избор на храна. 

Ќе пронајдете голем број статии, апликации , како и статии со тајни кои ќе ви помогнат да добиете поквалитетен сон, погледнете ги, но сепак не го користете телефонот пред спиење. Докажано е дека зрачењето од мобилниот телефон навечер го спречува вашиот мозок да ослободи мелатонин – хормон кој ве тера да спиете, и во голема мера го намалува квалитетот на спиењето.

 

2. Не кажувајте  НЕ на H2O

Водата е вашиот најдобар пријател кога е во прашање грижата за вашето тело. 

Човековото тело е составено од 65% вода и недостатокот на вода ќе ја истроши вашата енергија и ќе ве натера да се чувствувате мрзеливо.

Старио мит всушност е вистина – водата прави да се чувствуваме полно, што всушност ја потиснува гладта. Следниот пат кога ќе почувствувате глад, прво напијте се чаша вода за да проверите дали жедта е таа која ви го предизвикува тоа чувство. Најдобар начин да се осигурате дека вашето тело добива доволно вода е да го започнете деност со една голема чаша вода веднаш штом ќе се разбудите, со што ќе го активирате метаболизмот, и потрудетесе да имате шише со вода на вашето биро.

3. Станете го вашиот задник!

Вие зависници од вашите бироа, ова е за вас!  

Постојаното седење не само што значи дека не трошите енергија туку го успорувате и вашиот метболизам. Истражувањата покажуваат дека покрај тоа што прекумернот седење доведува до дебелеење ипрекумерна тешина, дијабетис тип 2, предизвикува и појава на некои видови канцер како и рана смрт. Тажно, но вистинито.

Една брза прошетка, дали до работа, на ручек, или пак навечер, помага да одржувате здрава телесна тежина, ги зајакнува мускулите и коските, ги подобрува балансот и координацијата. Најважно, го забрзува метаболизмот, што значи дека може да согорите повеќе калории. Заменете го јавниот превоз за 20 минути одалеченост со пешачење, лифтот со скалите, доста го заменувате кардиото и ќе забелешите разликка. Пешачењето исто така ќе го подобри вашето расположение, ќе го зајакне држењето на телото и ќе му овозможи на вашиот ум да се релаксира. 

 

Овие три здрави навики ќе ви овозможат да изгубите тежина и воедно да го подобрите вашето расположение.