Политика на приватност
Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“ Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).
Прибирање и обработка на лични податоци
Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска. BeHealthy не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите производ, да се пријавувате за е-весникот или да се пријавувате за добивање вести и известувања преку СМС.
Користење и чување на личните податоци
BeHealthy ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на купените производи, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на производи и други ваши барање во иднина. BeHealthy нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот!!!. Вработените во BeHealthy се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Слобода на Избор
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на BeHealthy. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на BeHealthy, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од е-продавницата, како ни можноста за купување на производите. Корисниците кои ќе одлучат да се одјават од нашиот е-весник тоа можат да го направат преку својот личен профил на е-продавницата. На веб сајтот се прибираат и автоматски податоци (не-лични податоци). Како на пример кога ќе се вклучите на е-продавницата на BeHealthy, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата е-продавница и за подобрување на содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се откриваат на трета страна.
Cookies
Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на BeHealthy. BeHealthy ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница.
Безбедност
BeHealthy се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.
Малолетници
BeHealthy им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да му даваат лични податоци на BeHealthy без дозвола од своите родители или старатели. BeHealthy никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.
Врски со други интернет страници
Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалните страници хостирани од BeHealthy. Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата на BeHealthy и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата на BeHealthy, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.
Право на информации
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не contact@behealthy.mk На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата на BeHealthy.
Објавување на промени
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Последна промена
Април 2018 г. Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.