НАШИОТ ПОЧЕТОК
Приказната започнува 2015 год. во домашната кујна на обично петчлено семејсто без инвестициски капитал, без економски консултанти и индустриски прехрамбени технолози.
Согледувајки ја секојдневната реалност исполнета со болестите на модерното живеење како срцевите и канцерогени заболувања, дијабетис и разни психичките нарушувања, се јави потреба од поголема грижа кон себе и нашето семејство.
Загриженоста беше иницијатор за радикална промена во прво во прехрамбените навики преку создавање мобилна храна која е ослободени од сите вештачки додатоци кои немаат природно потекло а истовремено лесно достапна за конзумирање во ова брзо урбано секојдневие.
Со тоа верувавме и веруваме дака со ваков пристап кон храната и природата ќе успееме да ги смениме сопствените навики а со тоа и навиките на заедницата кон подобро.