ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Доколку одговорот на вашето прашање не го пронајдете тука, можете да пратите порака со вашето прашање на contact@behealthy.mk и ние ќе ви одговориме.
ЗА BE HEALTHY
По што се разликува BE HEALTHY од другите компании за прехрана?
Ние сме мала компанија составена од ентузијасти со љубов кон природата и слободата на живеењето. Нашата цел е враќање на природните навики за прехрана преку вистинска храна која е ослободена од сите модерни примеси како што се вештачки засладувачи, додадени шеќери, конзерванси, вкусови, бои, ароми, нитрати, нитрити и други безбројни вештачки додатоци со кои изобилува модерната прехрана и прехрамбената индустрија.
Со оглед на брзото темпо на живеење сакаме да понудиме алтернатива на наводните мал милион “здрави оброци” кој изобилуваат со индустриска подршка од вештачки додатоци и засладувачи, уништени процесуирани житарици, додадени шеќери, глукозни сирупи и термички уништени состојки без биолошка вредност, без ензими, без минерали и витамини.
Нашата алтернатива е БИОЛОШКА ВРЕДНОСТ НАМЕСТО ПРАЗНИ КАЛОРИИ.
ЗА ПРОИЗВОДИТЕ – СОСТАВ И СОСТОЈКИ
Дали производите со 100% природни?
ДА! нашите производи се создадени од состојки со 100% природно потекло.
Дали имате производи БЕЗ ГЛУТЕН ?
ДА ! Нашата линија на барови и путери е целосно без глутен .
Дали производите содржат СОЈА и ПАЛМИНО МАСЛО?
НЕ! Не користиме такви состојки , поради веќе познатото влијание на Сојата и Хидрогенираното Палмино масло врз човековиот организам.
Дали производите содржат дополнителни вештачки ЗАСЛАДУВАЧИ , ШЕЌЕРИ , ГЛУКОЗНО и ФРУКТОЗНИ сирупи?
НЕ! Не, не користиме таков вид на засладувачи или додадени шекери, сите наши производи се во својот природен состав со својте природи шекери како дел од природата.
Дали производите содржат каква било вештачка состојка која нема природно потекло?
НЕ! Не, сите наши производи се без вештачки конзерванси , вештачки бои , вкусови и ароми или било каква вештачка состојка
Дали имате ВЕГАНСКИ производи и што значи тоа?
ДА! Да, во нашата линија имаме вегански производи со ознака ВЕГАН на самото пакување. Тоа значи дека производот не содржи состојки од животинско потекло. За протеинските ВЕГАН барови ние користиме 80%-тна чистота на органски протеин изолат од грашок и 80%-тна чистота на протеин од ориз. Такви ce баровите SUNFLOWER-CINNAMON , SPIRULINA DREAM и DARK PLEASURE .
Дали можат да ги конзумираат и деца?
АПСОЛУТНО ДА!, слободно можат да ги конзумираат и деца над 7 годишна возраст.
Каков вид на протеини користите?
Користиме природен протеин од сурутка без адитиви , природен протеин од белка од јајце , органски протеин изолат од грашок и органски протеин од ориз.
Понекогаш ист тип производ се разликува со малку поразлична боја и текстура. Дали го менувате рецептот?
НЕ! Не, рецептот е секогаш ист. Причината за таквата мала осцилација е во уникатната природна технологија без вештачки додатоци, стабилизатори, термички прегорувања, вештачки вкусови и тн. Нашите состојки ги набавуваме во свежа форма и нивната текстура зависи од влажноста или сувоста на почвата и временските услови во годината на берба, така што секоја состојка може да има нормални мали отстапувања во однос на текстурата и вкусот.
Производот е малку влажен со мала маснотија на него, која е причината?
Таквата состојба се должи на природните здрави незаситени масти кои ги содржат бадемот, кикириката, индискиот орев или сончогледот. При процесот на ладно свежо правење на путери од овие сосотојки, маслото се одвојува од семката и излегува на самата повшина на барот. Ве молиме, имајте предвид дека производите се свежи, без вештачки додатоци, со природни вкусови и за кои се користи природна технологија на составување.
РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
Кој е крајниот рок на употреба на производите?
БАРОВИ : бидејќи се прават свежи без конзерванси и други ваштачки адитиви, крајниот рок на употреба е означен на пакувањето. Доколку се чува во ладилник е 8 месеца , а доколку се чува на собна температура е до 3 месеца .
ПРОТЕИНСКИ ОБРОЦИ : Бидејќи се произведуваат од 100% природни состојќи рокот е 8 месеца од датумот на производство складирани на собна температура без сончева светлина.
ПУТЕРИ : Бидејќи се изработуваат од 1 состојка без конзервански и адитиви и на максимална температура до 40 Ц за да им се зачуваат својте хранливи состојки во својата природна форма и биолошка вредност рокот на употреба е 6 месеци од датата на производство на собна температура.
Можам ли да ги чувам дома во ладилник, а да ги понесам со мене во текот на денот, на работа, фитнес или на патување?
АПСОЛУТНО ДА!, таква им е намената. За да се одржи свежината и добриот вкус треба да се чуваат во ладилник, но можете слободно да ги понесете со себе на работа, фитнес, патување или прошетка и до најмалку 90 дена надвор од ладилник. Не ги изложувајте директно на сонце или висока температура.
ДОСТАВА, ПАКУВАЊЕ И ПРОДАЖНИ МЕСТА
Каде можеме да ги купиме вашите производи?
Нашите производи можете да ги купите преку нашата веб страна www.behealthy.mk или на следниве продажни места.
Колку барови можеме да купиме онлајн?
Минималната количина за нарачка е 1 кутија која содржи 12 барови.
Дали продавате кутија со барови од различен тип?
ДА! Да, во нашата понуда има и кутија со 12 бара од различен тип.
За колку време по уплатата ќе ми биде доставена нарачката?
Бидејќи производите ги изработуваме свежи веднаш по пристигната нарачка (уплата), за испорака во Скопје и низ Македонија најдоцна за 72 часа.
Која е цената на испорака во Скопје и Македонија?
- Пакети до 1000 ден. = 90 ден.
- Пакети над 1000 ден. = 0 ден.
Дали можеме да ги подигнеме произвоидте од Скопје без да платиме достава?
ДА , тоа може да го направите на Бул. Јане Сандански бр 92/2 - Скопје .
Предходно да се најавите на тел: 075/416-001 за да се договориме околу временскиот термин за превземање.
ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Дали имате големопродажни услови и каде да се информираме?
ДА! За подетални информации и прашања за големопродажна соработка, слободно пишете ни на contact@behealthy.mk. Ќе ни биде драго да соработуваме.
BE HEALTHY Тим
Како да станеме дел од вашиот тим?
BE HEALTHY секогаш има потреба од креативни лица кои ја имаат иста цел: ДА ГИ ПРОМЕНИМЕ НАВИКИТЕ И ДА СЕ ВРАТИМЕ КОН ПРИРОДАТА!
Ви благодариме